(Видео) Царевите Brass brothers со нова весела и многу заразна мелодија „The Spark“!
Сте чуле ли за Brass brothers? Ние не веруваме дека досега некој не присуствувал на нивни настап или во крајна мера не чул за нив! Момците со нивната опуштеност, харизма и неверојатната музика која ја свират, секојпат овозможуваат вистински да уживате во нивната забава.
Бидејќи секогаш се подготвени со изненадувања, овој пат за публиката подготвија големо изненадување и нѐ израдуваа со нивната нова инструментална трака “The Spark”, која ќе биде дел од нивниот прв авторски албум “Balkan Mayhem”.
“The Spark” е брза весела и многу заразна мелодија во која на многу несекојдневен и уникатен начин се искомбинирани експлозивниот денс ритам и маестралниот звук на трубата обоен со милозвучната балканска меланхолија.
“The Spark” е втората инструментална трака од албумот “Balkan Mayhem” која иако стилски е поразлична и флертува со денс стилот, сепак го носи препознатливиот звук и позитивната енергија на Brass Brothers, која никого не го остава рамнодушен.
И кај оваа нумера автор на музиката е фронтменот на Brass Brothers Горан Мицевски Кус.
“The Spark” достапна е и на сите дигитални платформи за слободно преслушување. Песната веќе може да се купи и преку повеќе од 150 дигитални музички продавници.
Brass Brothers со “The Spark” но и со албумот “Balkan Mayhem” носат нов звук на македонската музичка сцена, а и пошироко. Тие се првиот музички бенд кој DnB звукот го збогатуваат и комбинираат со Brass секција.