| |

Од денеска започнува акцијата „Цел Центар на точак”

Општина Центар Скопје од денеска започнува со спроведување на акцијата „Цел Центар на точак”. Со ова ја покажуваме грижата за поздрава животна средина и помал сообраќаен метеж.

Општината ќе субвенционира 30% од цената на купување на нов велосипед, но најмногу до 3.000 денари.

Секој полнолетен жител на Општина Центар што ќе купи велосипед започнувајки од втори мај, потребно е да ги достави следниве документи:

– Копија од лична карта

– Копија од трансакциска сметка

– Фискална сметка со сметкопотврда или фактура за купен велосипед.

Барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на Општина Центар-Скопје, барака број 6, почнувајќи од втори мај. По доставувањето на документите, подносителите ќе бидат известени за редниот број на поднесокот и субвенционирањето.

Правото на субвенција е еднократно.

Акцијата ќе трае се до исцрпување на предвидените средства во Буџетот на Општина Центар-Скопје.

За сите дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат кај координаторот на проектот, Емил Николовски.

Телефони за контакт: 3203-631 и 076-353-620

Слични Објави