Со лицемерна насмевка и груб цинизам не е можно да се срушат ѕидовите меѓу Скопје и Софија

///

Пишува: Атанас Величков

Во полето на културата по некаква елементарна логика, бидејќи е поле мостови речиси и да не се потребни. Проблемот настанува тогаш, кога истото тоа поле е посеано со ѕидови. Ѕидови, што кога некој ќе испали рафал врз нив наместо да се пропукаат, стануваат уште подебели и непристапни. На нив може да се пише и брише, можат да служат дури и како декор за фотографии со замрзнати лицемерни насмевки. Со тие ѕидови, можеме да правиме, што сакаме и покрај фактот, што некои паметни глави велат дека, тие не се реалност и постојат само во стравовите на простосмртните наивници.

Ги видовме и двата моменти. Го видовме пиши-бриши убутај-повлечи патриотизмот, а и една сигурна 100% замрзната лицемерна насмевка, за вториот овековечен од објективот на апаратот израз на лицето не можеме да бидеме сигурни. Како се рушат ѕидови со лицемерие никој не знае. Не е доволно само да се насмееш со сите убави заби во устата, додека правдата шета наоколу со парадентоза и нема пари ни за најевтината протеза. Не е доволно!

Во 2011 г. познатиот поет од Пловдив Иван Теофилов одбива да го добие највисокиот бугарски орден „Стара планина II степен“. Тој истакнува дека сака да остане доследен на сопствената маргиналност и дека не сака награди од ниту една власт.

Неприфаќањето на едно такво големо признание, како доделувањето на толку значаен државен орден е порака. Бунт! Слаткото смеење во друштвото на претседателот Стево Пендаровски, од страна на големиот бугарски писател Георги Господинов, исто така е порака, но не на уметнички бунт, туку на толеранција. Толеранција кон неговиот потценувачки однос кон Бугарија како држава, кон бугарските институции и пред се кон неговите сограѓани со бугарска етничка припадност. Можеме тоа да го оправдаме со маленкоста на претседателот и со големината на уметникот, но времето во кое што живееме, за жал не трпи оправдувања.

А тоа е така, бидејќи Пендаровски најбесрамно се обидуваше да се претстави како голем пријател на Бугарите во РС Македонија, бидејќи ги почестил „добрите“ Бугари од БККС со неговото присуство на нивна роденденска прослава. Пендаровски беше тој, што бараше гаранции заедно со отворено анти-европската структура ВМРО-ДПМНЕ внесувањето на Бугарите во Уставот да биде последното барање на Бугарија. Правата на македонските Бугари, беа ставени на пазарџиската тезга, токму од човекот, што слатко се смееше во друштвото на големиот бугарски писател Георги Господинов. Истиот тој човек, пред извесно време изјави дека внесувањето на Бугарите во Уставот сега не е приоритет, индиректно кажувајќи дека Бугарија може да си зборува, колку што и душа сака, но тој, големиот патриот нема намера да ја слуша. Познат е исто така и фактот дека истиот насмеан Пендаровски прими делегација на нелегитимната во Бугарија организација ОМО Илинден-ПИРИН. Има уште примери за тоа, колку голем пријател на Бугарија и на македонските Бугари е Стево Пендаровски, но нема потреба да се наведуваат.

Се појавуваат две основни прашања и една оптимистичка констатација. Што направи Стево Пендаровски како претседател на државата, за да се намали говорот на омразата кон Бугарија и Бугарите? Даде ли тој личен пример, за тоа како треба да се зборува за една соседна и блиска држава и еден соседен и близок народ? Одговорите на овие прашања се повеќе од лесни, тој не направи ништо во однос на говорот на омраза и не даде личен пример, преку своите изјави и активности, како навистина да се надмине говорот на омраза и стигматизацијата на Бугарите во РС Македонија. Пендаровски ќе го помниме не само по лицемерната насмевка на фотографијата со Господинов, но и со лицемерните осуди по нападите врз бугарските клубови во РС Македонија.

Како ли ќе се почувствува Георги Господинов, кога утре Пендаровски ќе го искористи и него, како што ги искористи „добрите“ Бугари од БККС? Тоа искористување ќе биде ли во хармонија со реномето на големиот творец? Можеби тоа искористување е договорено, за да се покаже пред целата јавност, дека претседателот има проблем само со „лошите“ Бугари на територијата на земјата со која раководи, оти тие само провоцираат со имињата на нивните здруженија и клубови и ѝ дават адути на Бугарија, активно да се бори за нивните права? Доволно прашања поставивме, време е за оптимистичката констатација.

Георги Господинов ја имаше среќата додека е жив неговите творби да бидат преведени на „многувековниот“ македонски јазик. Еден друг, за некои голем, за други не дотолку голем бугарски автор- Никола Вапцаров ја немал таа среќа. Тој бил преведуван на неговиот „роден“ јазик, неколку децении после неговата смрт. Најверојатно поради фактот, што додека бил жив, немало кодифициран книжевен македонски јазик или пак заради елементарната логика дека превод од бугарски книжевен јазик, на македонските говори во бугарските градови Велес и Прилеп е повеќе од смешно.

Завршувајќи го овој дел од написот, онака оптимистички, не ни останува ништо друго, освен да се надеваме дека мајсторот на перото Господинов, нема да се најде во ситуацијата на мајсторот со четката Илија Пенушлиски. Токму Пенушлиски, верувале или не, пред 3 дена на 29 ноември (Денот на Републиката) побара негово уметничко дело да биде повлечено од изложбата „Заедно“ поставена во новите простории на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје.

Споредувајќи ја културната соработка меѓу Бугарија и РС Македонија со травестија, големиот ликовен уметник побара неговото име да биде избришано од излогот на центарот, бидејќи Бугарија имала зацементиран став дека Македонци не постојат, а покрај нив не постои и македонска уметност и култура.

Работите сами од себе се редат во една рамнина, во едно поле со многу ѕидови и никаква физичка потреба од мостови. Архи- Македонецот Пенушлиски, груб, циничен и директен во исказот, Бугаринот-космополит Господинов, насмеан и почестен од присуството на претседателот. Вечниот синдром на виновноста! Тие нам ќе нѐ плукаат, ние на нив ќе им потпишуваме книги и ќе им ги пишуваме имињата по излози, за да можат после, за некаква си порно-патриотска 5 минутна слава, јавно да бараат, нивните имиња да бидат избришани.

Можеме така да си се смееме, до утре сабајле. Можеме да глумиме пиши-бриши патриоти, но не можеме да избегаме од вистината. Политичката елита во РС Македонија сака да ги види Бугарија и македонските Бугари на колена. Тоа нема да го дозволиме! Нема да го дозволиме! Последните две прости реченици, ќе ги „преведеме“ и на бугарски, за да ги разберат и нео-либералните-болшевички глави во Софија: Това няма да го позволим! Няма да го позволим!

Одредени влијателни кругови во Бугарија, направиле илјадници грешки во однос на македонските Бугари, но да не забораваме колку македонски Бугари, спаси истата таа Бугарија давајќи им дом и можност да започнат нов живот. Токму затоа, со лицемерни насмевки и цинизам, насочени кон нашата Бугарија, нема како да се одвива рушењето на ѕидовите. За жал тие ќе останат.

Претходна статија

Антисемитското законодавство во Бугарија

Следна статија

Бугарите од РСМ до Вархеји: Нема дијалог со властите во Скопје, притисокот е секојдневен

Најново од Истакнато