Желјазков: Односот кон бугарската заедница е клучен за одличните билатерални односи со Молдавија
Бугарскиот премиер Росен Желјазков, за време на својата посета на Кишињев истакна дека односот кон бугарската заедница е клучен за одличните односи меѓу Бугарија и Молдавија и за заедничките европски вредности, јавува БГНЕС. Заедно со молдавскиот премиер Дорин Речан,Желјазков најави посета на Тараклија, каде што е отворена филијала на Русенскиот универзитет „Ангел К’нчев“. Според бугарскиот премиер, овој проект е гаранција за заштита на етнокултурните права на Бугарите и нови можности за образованието.
Двајцата премиери нагласија дека универзитетот ќе нуди студии на бугарски, романски и англиски јазик, со европски дипломи и стипендии за студентите.
Желјазков ја поздрави европската интеграција на Молдавија и понуди бугарска експертиза во процесот. Тој ја потенцира важноста на транспортната и енергетската поврзаност, вклучувајќи го и „Вертикалниот гасоводен коридор“, кој ќе ја намали зависноста од руски гас.
Речан, пак, истакна дека бугарската заедница повеќе од 200 години е дел од молдавското општество и дека заедничките проекти, како универзитетот, придонесуваат за заедничка европска иднина.
