Невладините организации на македонските Бугари во РСМ побараа средба со Оливер Вархеји, комесар за соседски прашања и проширување на ЕУ, поради институционалната омраза и систематската дискриминација кон нив, јавува БГНЕС.
Во своето писмо нагласуваат дека во нивната татковина нема желба за дијалог со нив од страна на локалната и централната власт.
Агенцијата БГНЕС го објавува целосниот текст на писмото на Бугарите од РСМ.
Почитуван г-н Комесар,
Ве молиме дозволете ни да се претставиме!
Ние сме претставници на невладините организации отворено идентификувани како бугарска заедница во РСМ. Охрабрени од Вашата неодамнешна изјава и подготвеност да не примите, се обраќаме кон Вас со намерата и надежта дека таквата средба ќе се одржи што е можно поскоро, се разбира, под услов на Вашите можности. Секојдневното стигматизирање на нашата бугарска заедница и неможноста да се воспостави дијалог со локалните и националните власти создава предизвици за нашата заедница кои често ги надминуваат нашите индивидуални и колективни можности. Искрено се надеваме дека дијалогот со Вас ќе придонесе за намалување на секојдневниот притисок врз нас – граѓаните на РСМ, кои не се плашат, и покрај ризикот од дискриминација и говор на омраза, отворено да го браниме нашето македонско бугарско наследство и идентитет.
Почитуван г. Комесар, однапред Ви благодариме за Вашата подготвеност да ја разберете нашата ситуација и да се сретнете со нас. Со нетрпение очекуваме да го добиеме Вашиот предлог за состанок.
Со почит,
Петар Колев – Здружение за македонско-бугарско пријателство
Љупчо Георгиевски – Културен центар „Иван Михајлов“ – Битола
Добре Митрев – Македонско-бугарско пријателство – Скопје
Љупчо Куртелов – Балкански хоризонти – Охрид
Владимир Перев – Коридор 8- Скопје
Томе Блажевски – Цар Борис III – Охрид
Јован Николов – Здружение „Дело“ – Скопје
Елизабета Величкова – Трибуна – Прилеп
Маринела Петреска – Здружение за македонско-бугарско пријателство – Битола
Владо Треневски – Интеракција – Охрид
Столе Велков Фондација „Единство“ – Кочани.