| |

БГНЕС: Во документот со преговарачката рамка за РС Македонија нема ништо од досегашната бугарска позиција за старт на преговорите

Советот на ЕУ изготвил документ кој што ја содржи преговарачката рамка за РС Македонија, како и декларација за одржување на првата Меѓувладина конференција со Скопје, објави БГНЕС. Во документот, како што наведува БГНЕС нема ништо од досегашната бугарска позиција за почеток на преговорите.

Единствено е содржан условот кој што не е дел од Рамковната позиција, а се појави лани и се однесува на вклучување на Бугарите во македонскиот Устав. „Сите останати услови, особено оние поврзани со заедничката историја, со говорот на омраза во учебниците и во медиумите, потоа рехабилитација на жртвите на комунистичкиот режим заради нивното бугарско самоопределување воопшто не фигурираат во предложените заклучоци”, пишува во текстот во кој се додава дека не се предвидува вклучување на бугарските барања во преговарачката рамка што значи дека нема никакви гаранции за исполнување на обврските од страна на Скопје.

Од БГНЕС јавуваат дека има два дополнителни документа чија содржива во моментот е неизвесна. Едниот документ најверојатно е протокол, а вториот, е за „таканаречениот македонски јазик што значи и негово фактичко признавање”. Во документот било напишано дека Бугарија и Северна Македонија ќе имаат еднострани изјави за македонскиот јазик.

Целата сторија прочитајте ја на следниот линк.



Слични Објави