ОД УТРЕ НЕМА ОДЛОЖЕНА ОТПЛАТА НА КРЕДИТИТЕ

//

Утре истекува рокот за одложено плаќање на ратите на кредитите на физичките лица кои ги дадоа банките на одредени категории граѓаните погодени од ковид-кризата. Ново одложување дали ќе има од банките засега немаат наведено на своите веб страници. Она што деновиве е испратено до клиентите од одредени банки е дека се воведува нов начин на утврдување на нефункционалните кредитни изложености на клиентите. Новиот начин на утврдување на нефункционалната изложеност е согласно регулативата од Европската централна банка и важи од 31.12.2020 година, јавува Вечер.

-Промените во новата регулативa се одразуваат на третманот на клиентите кои користат повеќе различни кредитни продукти. Пред овие измени, уредноста на отплатата кај еден клиент се следеше одделно, по користен продукт. Со измената, ќе се следи вкупниот износ, односно збир на кредитна изложеност од сите користени кредитни продукти на клиентот во Банката, појаснуваат во известувањето.

Согласно новата регулатива, за нефункционална кредитна изложеност ќе се смета доспеан долг повеќе од 90 дена, а вкупниот износ на доспеани обврски треба да е поголем од 100 евра во денарска противвредност и да надминува еден отсто од целокупната искористена кредитна изложеност.



Целиот напис прочитајте го овде.

Претходна статија

НИКОЛОВСКИ: ПОЗИТИВНАТА ОЦЕНКА ОД ГРЕКО ПОКАЗАТЕЛ ЗА ЈАСНО ИЗРАЗЕНАТА ПОЛИТИЧКА ВОЛЈА ЗА КРАЈНО ИСКОРЕНУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА

Следна статија

ЛЕФКОВ: ФИЛИПЧЕ ЈА КРИЕ ЛИСТАТА НА ВАКЦИНИРАНИ

Најново од Вести