|

Одбележуваме 101 година од смртта на големиот бугарски офицер и војвода на ВМРО Илија Кушев

На 29-ти ноември 1922 г. кај велешкото село Рлевци е убиен војводата на ВМРО, член на студентското друштво „Вардар“ и поручник на Бугарската армија ИЛИЈА БАНОВ КУШЕВ, роден во Велес 1896 г.

“Големата светска војна се сврши. И тие Љубомир Весов и Илија Кушев ги соблекоа офицерските палта и ја облекоа скромната униформа на војводи, зашто војната за Македонија продолжуваше: нејзините завојувачи употребија оружје против старците и жените, татковците и децата, додека ги принудуваат со терор да се одречат од своето национално име и да го примат нивното, на насилниците. Македонското население – Бугари и Власи, Турци, Албанци и Евреи, требаше да се кажват Срби или Грци… Тие не можеа да се помират со физичките насилија и моралните страдања, на кои беа изложени нивните сонародници. Се одрекоа од благата на животот, од себе си и решија да се пожртвуват за честа на својот народ и за светата иднина на татковината. Едниот и другиот го прегазија Вардар и беа пречекани како месии од своите страдални браќа.“

Весник НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА, 1923 г.

Слични Објави