НАУМЧЕ МОЈСОСКИ ИМЕНУВАН ЗА НОВ ДИРЕКТОР НА АГЕНЦИЈАТА ЗА МЛАДИ И СПОРТ

На денешната седница Владата на Македонија за нов директор на Агенцијата за млади и спорт го именуваше поранешниот ракометар и репрезентативец на Македонија, Наумче Мојсоски.

Мојсоски доаѓа на оваа функција на местото на Дарко Каевски.

Потсетуваме дека Мојсоски учествуваше во владината кампања за референдумот за промена на уставното име, што се одржа пред 2 години на 30 септември.