Чавдар Стефанов: Украина ги презеде и копнените граници кон Крим
Украина веќе го има адутот што, според американскиот претседател Доналд Трамп, претходно го немала. Тоа се беспилотните летала што дејствуваат насекаде и ја прават војната целосно дехуманизирана, изјави за БНР Чавдар Стефанов, поранешен дописник на радиото од Москва, прв водител на емисијата „12+3“ и раководител на тогашниот тим на емисијата.
„Тоа е како да фрлаат бомби без да знаат колку луѓе се убиени – едноставно фрлаат бомби. Ова ѝ донесе предност на Украина во воздухот“, рече Стефанов.
Стефанов ги посочи и силните напади врз нафтените капацитети на Крим. Како што наведе, таму престанала распределбата на по 20 литри бензин со купони.
„Украина ги презеде и копнените граници кон Крим, а тој дел беше под контролата руските окупациски сили. Крим се најде во изолација и луѓето таму страдаат. Украинските чекори се одговор на секој руски чекор“, изјави тој.
Во емисијата „12+3“, Стефанов ја коментираше и темата „Шахеди над Романија – грешка или тест“. Тој посочи дека појавата на четири беспилотни летала над Романија во период од четири дена тешко може да биде случајна, додавајќи дека и денеска имало руски дрон.
Според него, романските власти правилно побарале активирање на членот 4 од Северноатлантскиот договор.

