Одбележуваме 110 години од убиството на бугарскиот црковен деец од Битола архимандрит Евлогиј Светиев
На денешен ден пред 110 години за време на Втората балканска војна е удиран со штикови и исфрлен од грчките варвари во водите на Егејско море ЕВЛОГИЈ СВЕТИЕВ, архимандрит, деец на преродбата во Македонија. Тој е роден како Спиро Светиев во Битола, 1878 г. Завршил V клас во Бугарската машка гимназија во Солун. Учел во Цариградската духовна семинарија, а после студирал богословија во Черновиц. Покасно е назначен за архимандрит и ја управува Солунската епархија на Бугарската екзархија. Во јуни 1911 г. ја подкрепува инициативата за создавање на легална политичка партија на Бугарите во Османската империја. За време на Балканската војна редовно пише информации до Х. Хасапчиев за малтретирањата на грчките власти над мирното население во Македонија. После избувнувањето на Втората балканска војна е уапсен и качен на брод на кој грчките националисти се исмеваат со него и му нанесуваат удари.
“Бликна крв од искубаниот образ, го измокри долниот крај на неговата брад, па потече по градите; „ха-ха-ха!” злобно се изкикоти Гркот, та разбуди мнозина од затворниците, кои со беспомошно сочувство го назираа дедо попот: „ха-ха-ха! Влакната од брадата ќе ги носам дар на твоите ќерки, зарем ќе ме прашат за тебе. Ти биди спокоен, – јас ќе им најдам и мажи, дури многу мажи. . .
“Бугарио, Бугарио, мајко сладка, кај си сега да видиш маките на нашите најверни рожби, кај си сега победоносна Бугарио, која ги скрши вековните вериги на Грци и Срби, да видиш, како ти се отплаќат”!
Меѓу екипажот на палубата имаше голема оживеаност. Нешто страшно се готвеше горе на палубата. Се дочуваа закани и псовки: „доведете ги од амбарите тука, побрзо доведете ги”! – викаше капетанот. После десетина минути осумдесет Бугарски војници и граѓански чиновници, меѓу кои и дедо поп, излегоа на палубата. – На сите им беа врзани рацете назад. Равнодушни погледи се роеја наваму-натаму. Сите разбраа, дека настапил крајот. . .Некои од цивилите се поизплашија. Тоа го забележа дедо поп. Со тврд глас се упати тој кон нив: „Браќа, не се бојте! илјади наши браќа загинаа смело по бојните полина. Тука не е пострашно. Не покажвајте слабост пред тие подли врагови. Нека ја видат тие нашата храброст и тука, та да потреперат од нас и како заробеници што сме им…!“ – „Попот држте го најнапред, попот”! – извика капетанот: „после другите“!
После миг се чу писок: потона дедо поп во сините морски води. После десетина минути сите беа издавени.
И палубата опусте.”
