Одбележуваме 114 години од убиството на скопскиот реонски војвода на ВМОРО Васил Стојанов-Аџаларски
На 11 ноември 1909 г. во Скопје е убиен скопскиот реонски војвода ВАСИЛ СТОЈАНОВ – АЏАЛАРСКИ. Роден е во скопското село Аџалари (Миладиновци) 1880 г. Во 1901 г. со семејството се преселуваат во Скопје. Влегува во редовите на ВМОРО и извршува повеќе задачи – пренесува пошта, крие и набавува оружје и извршува терористички акции. Истата година е уапсен и одлежува 2 години во скопскиот затвор Куршумли ан. По амнестијата е ослободен. Прво бил помошник војвода во четата на Бобо Стојчев од Дрјаново, а потоа е самостоен војвода во Скопската околија. Имал повеќе борбени судири со турскиот аскер и со србската вооружена пропаганда. Особена храброст пројавил во зимата 1904 г., во еден судир со турскиот аскер кај скопското село Ибраимово. Имено, обкружен од аскерот, В. Аџаларски со атакување и фрлање бомби успеал заедно со другарите да се извлече, пробивајќи го обрачот. Во февруари 1907 г. го запалува анот во селото Сопиште, кој служел како база на србските чети при преминувањето за Поречието. До Младотурската револуција е околиски војвода на Скопскиот реон и дејствува со чета од 18 души. По Младотурската револуција во 1908 г. се легализира. Ја подкрепува Народната федеративна партија – Бугарска секција. Загинал заедно со неговиот 80 годишен дедо убиен од заседа пред вратата на неговиот дом од турската полиција. Погребан е во црквата Св. Димитрија, а неговото убиство било повод за масовни протести против власта. Неговиот убиец Ќор Расим бил обесен на камениот мост во градот.
“Тој ги поседуваше сите физички и душевни доблести неопходни за очарувачка агитација и вовлекување на масите. Висок, строен, снажен… пргав и брзо приспособлив, решителен во постапките и безстрашен во борбата, неуморно активен и никогаш не можеа да го фатат, тој несомнено се носел пред воображението на народот како старите витези, кои го вдахновуваа да создаде јуначки еп. Кон тоа кога се додаде дека тој бил сладкоумен и имал феноменална памет… ќе можеме да си представиме наполно тајната на моќта на Организацијата во негово време и на она очарување, со кое скопските Бугари уште го спомнуваат неговото име.
Главна своја задача Аџаларски ја сметаше да ги вооружи сите бојноспособни Бугари од својот реон, да води енергична економска борба против беговите, така што да ги држи со терор далеку од селата, и да не пропушта србски чети. Исто тој убил бегови во с. Осинче, а еднаш на деребегот Сали Ѓаур Ќаја од с. Белимбегово, голем пакосник на Бугарите, му дигнал 60 коња.“