ИЗЛОЖБА НА ДЕЛА ОД ЧЛЕНОВИТЕ НА ЛИКОВНОТО СТУДИО „АРС ВИВЕНДИ“

/

Во Домот на културата „Кочо Рацин“ – Скопје вечер ќе биде отворена четиринаесеттата завршна изложба на дела изработени од членовите на ликовното студио „Арс вивенди“, каде што ментор е академскиот сликар и ликовен педагог Тони Шулајковски. Делата се изработени во различни техники, масло на платно, акрилик на платно, акварел, туш, молив, сув пастел, а оваа година има и дигитална графика. Делото „Дремката на облакот“ од Нена Бислимоски ќе биде отпечатено како корица на истоимената хаику збирка напишана од нејзината сестра Софија Бислимоски. На отворањето на изложбата ќе бидат доделени и дипломи од студиото за членовите од генерацијата 2018/2019.
Изложба на дела од членовите на ликовното студио „Арс вивенди“ | opserver.mk





Претходна статија

ВЕЧЕРВА НА ОФФЕСТ КОНЦЕРТ НА ФАТУМАТА ДИЈАВАРА

Следна статија

ПРЕМИЕРНО: БРАЈАН АДАМС ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА

Најново од Истакнато