БИДЕТЕ КИТКИ КАКО „КИТКИТЕ“: САКАЈТЕ СЕ!!!

//

Ве молам… Јас знам дека во последно време не се читаат убави работи но ќе ве замолам да одвоите 5 минути од вашето скапоцено време и да ги прочитате овие мои скромни редови… Јас навистина имам да ви кажам нешто многу важно. Но пред да го направам тоа ве молам погледнете го видеото:

Ги видовте ли овие прекрасни жени? На почетокот од нашето патување кон манастирот Св. Јован Бигорски си мислев дека ќе биде една обична „вожња“ пропратена со дремка и попатни досадни паузи… Ама, едно големо АМА! Се започна вака… Возачот бавно возеше, јас не сакам брзо возење па викам ајде барем со тоа нема да се вознемирувам. Пушта возачот „Назад назад Калино моме“ и тогаш започна се… Не се чекаше втора, трета десетта песна… Во еден глас почна да се лее „Немој да одиш по мене, кај нас си има длабока река не ќе можеш да ја поминеш“… Се наежив… Ги слушам жените…. Знаете како пее славејот од душа?! Е такво чувство добив! Поминува „Калино моме“ почнува „Елено моме Елено“, па „Кирјана вино продава“, „По друм одам мајче “ „Тешко мина докторе“, … ДРАГИ МОИ! Солзи, солзи, солзи радосници! Кожата ми се наежи! Душата ми се растрепери! Тоа пеење, тоа ракоплескање таа позитивна енергија, ТАА ЉУБОВ! Овие 20- тина жени ми покажаа што значи СИЛА, што значи СИТЕ ЗА ЕДЕН, ЕДЕН ЗА СИТЕ!

Се прашувам драги мои зошто не земеме сите ние пример од овие прекрасни дами?! Се е толку едноставно во овој живот само треба да се прифатиме со сите наши различности. Па нели и полето е совршено прекрасно само поради различните цвеќиња?!

КОЈ ПЕЕ ЗЛО НЕ МИСЛИ! Да се фатиме рака под рака, така и тешкото и тагата полесно ќе поминат! Мислите дека на овие жени се им е полно и рамно? НЕ! Ама ниту една заплака, ниту една не се жалеше од снаата ниту една не ги колнеше политичарите! Дајте драги мои да се сакаме! Дајте сите ние граѓани на оваа мала но убава Македонија, Македонци, Албанци, Турци, Бугари, Срби, Босанци, Власи, Роми да се фатиме силно за рака, да си помагаме, да се почитуваме, да ПЕЕМЕ!

Овие прекрасни, жени, баби, мајки, сестри се од невладината организација „Китка“ од Прилеп. Овие прекрасни жени за еден ден ме научија прво како да се променам јас и потоа да пробам да и покажам на мојата околина и на сите млади како со позитивна енергија, договор и взаемно почитување можеме ПЛАНИНИ ДА ТУРНЕМЕ! СЕ ШТО НЕ МОЖЕ ДА КАЖЕ УСТАТА МОЖЕ ДА КАЖЕ ПЕСНАТА! ДА ПЕЕМЕ ДРАГИ МОИ, ДА ПЕЕМЕ ТОЛКУ СИЛНО КОЛКУ ШТО ГРЛАТА НЕ ДРЖАТ! ДА ЗАБОРАВИМЕ НА ОМРАЗАТА, ЗЛОБАТА И АЛЧНОСТА!

Тетка Магде, Блага, Лиле, Зора, Вера и сите други ми направивте огромна чест што ме примивте во вашето скапоцено друштво „Китки“! Ми издржавте многу голема лекција, која со цела моја сила ќе ја пренесам на мојата генерација! Да сте ми живи, здрави, насмеани и распеани уште многу години!



БРАВО КИТКИ! ВИЕ СТЕ ГОРДОСТА НА ПРИЛЕП! ВИЕ СТЕ ГОРДОСТА НА МОЈАТА, НАШАТА ЗЕМЈА!

This slideshow requires JavaScript.

Автор: Елизабета Најдоска Величкова



Претходна статија

ПРЕТЕПАНОТО 14 МЕСЕЧНО БЕБЕ СТАБИЛНО НО ВО ЖИВОТНА ОПАСНОСТ

Следна статија

РАШКОВСКИ НА FACEBOOK СЕ ПОФАЛИ ДЕКА ОД ДПМНЕ МУ СЕ ИЗВИНИЛЕ ЗА ОБВИНУВАЊАТА

Најново од Истакнато