РАШКОВСКИ НА FACEBOOK СЕ ПОФАЛИ ДЕКА ОД ДПМНЕ МУ СЕ ИЗВИНИЛЕ ЗА ОБВИНУВАЊАТА

//

„Првин ќе ве напаѓаат, после ќе ви се извинат, а би сакал да дојде момент кога меѓусебно ќе се пофалиме за сработеното.
11 извинувања за 11 обвинувања од страна на ВМРО- ДПМНЕ
– за непотизам
– за кумски врски
– за присвојување на материјална корист
– за незаконско работење
– за се што требаше да доведе до мое деградирање на професионален и личен план.

Наместо да се впуштам во “ѓаволско докажување” на обвинувањата одговорив со тужби за клевета кои завршија со спогодби преку кои се извинија за се што беше изнесено во јавноста.
Нека е ова правна пракса за тоа како треба да изгледа политички дијалог и решавање на меѓусебни обвинувања“, напиша на својот профил генералниот секретар на Владата на РМ, Драги Рашковски.



Претходна статија

БИДЕТЕ КИТКИ КАКО „КИТКИТЕ“: САКАЈТЕ СЕ!!!

Следна статија

КАТРУГАЛОС: ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА ЌЕ ПОМИНЕ ВО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ

Најново од Вести