Во Пловдив робот келнер ги опслужува гостите на позната пицерија во градот
Првиот робот келнер во Пловдив веќе ги опслужува клиентите на познатата пловдивска пицерија „Специале“. Ресторанот е пионер во воведувањето на оваа атрактивна иновација која веќе е хит на многу места низ светот.
Електронскиот помошник Бела веќе неколку дена е меѓу масите и брзо стана миленик на персоналот и клиентите на пицеријата. Посебна атракција е за децата, кои го следат и фотографираат роботот додека тој ги извршува своите работни обврски.
Машината сервира, собира садови, пее на неколку јазици, комуницира со луѓето во ресторанот и испушта разни звуци ако ја галат зад увото.
„Иновативно е, атрактивно е, но исто така е многу корисно за нас бидејќи многу им ја олеснува работата на келнерите. Тие и го доделуваат бројот на масата за да ја испратат да го однесе јадењето или пијалокот на клиентот. А додека сервира, Бела закачливо комуницира со клиентите. Мислам дека Бела ќе ни биде одличен службеник, иако е целосно нов член на нашиот тим“, објасни Иво Проданов, сопственик на пицеријата „Специале“.
