КOJA МАРКЕТИНГ АГЕНЦИЈА БЕЗ ОГЛАС ДОБИ 15 МИЛИОНИ ОД МИО ЗА ДИГИТАЛНИОТ САМИТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН

Министерството за информатичко опшество и администрација во постапка сопреговарање без претходно објавување на оглас склучила договор со Агенцијата замаркетинг комуникации „Панекс“ ДООЕЛ Скопје за техничка поддршка за реализација на Дигиталниот самит на Западен Балкан 2018 што неодамна се одржа во Скопје.Вредноста на склучениот договор со вклучен ДДВ изнесува 15.015.066 денари или околу 244.000 евра.

Во образложението на набавката се вели дека има користење на постапка сопреговарање без објавување на оглас од причини од крајна итност.Критериум за доделување на договорот била најниска цена.

Извор: Емагазин