СЈО БАРА ОСУДИТЕЛНА ПРЕСУДА ЗА ГРУЕВСКИ И ПОПОВСКИ ВО СЛУЧАЈОТ „ТЕНК“

СЈО бара осудителна пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски и за поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски. Според обвинителот Гаврил Бубевски, Груевски го искористил своето влијание и како претседател на Владата по лична желба, но со буџетски средства, си купил „мерцедес”.  Според СЈО Груевски го искористил своето влијание и положба и побарал од Јанкуловска да изврши службено дејство, кое таа не смеела да го изврши, а оваа состојба се утврдува од прислушуваните телефонски разговори, кои се доказ во постапката. Според обвинителите, за да му го исполни барањето на Груевски, Јанкуловска го поттикнала Поповски да изврши и да спроведе нелегална набавка на возилото и со тоа тој сторил злоупотреба на службената положба и овластување.