| |

ВЛАДАТА ГО МЕНУВА ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ: СЕ НАМАЛУВААТ ГЛОБИТЕ

Министерството за правда подготвува измени на законот за прекршоци кој беше донесен во 2015 година. Од Министерството преку ЕНЕР велат дека актуелниот закон е со речиси идентични одредби како и законот од 2006 година, со одредени номотехнички промени.

„Ова законско решение не доведе до намалување на глобите кои можат да ги изрекуваат прекршочните органи, а на одредени места истите дури и беа зголемени.

Со законот за прекршоци од 2015 година за прв пат се воведе двостепеност во прекршочната постапка во рамки на државната управа. Со овие решенија со кои се овозможи органи на управа да изрекуваат глоби во милионски износи и судска заштита која не го одлага нивното извршување всушност се отстапи од вистинското значење на поимот прекршок.

Висината на глобите како и правната заштита на граѓаните од евентуални незаконскирешенија за прекршоци пропишани со постојниот закон за прекршоци ги доведува вопрашање доследната примена на начелата на владеење на правото, правната сигурност,правичноста и сразмерноста.

Исто така во моментов постои значителна бројка на прекршоци кои се во надлежност наголем број на несудски прекршочни органи, како и голем број на закони со кои сеутврдуваат прекршоците и висината на глобите за нивно сторување“, пишува вообразложнието.

Според Министерството, целта на новото законско решение ќе биде првенственонамалување на прекршочните глоби, потоа јасно разграничување помеѓуадминистративниот престап и судскиот прекршок, превенција наместо репресија односноизрекување на опомена пред да биде изречена административен престап кога е тоавозможно, како и подобрување на ефикасноста на прекршочната постапка.

Извор: Емагазин



Слични Објави