Премиерот Зоран Заев на прес конференција од Самитот во Бугарија рече дека во разговорите со грчкиот премиер Алексис Ципрас дошле до една опција која е прифатлива за двете страни, јавува Фокус.
Според премиерот Заев, пријателството со Грција по оваа средба е зајакнато.
-Разговараме суштествено и разгледавме повеќе опции, една од опциите е прифатлива за двете страни ако е возможно ќе имаме решение. По се што беше постигнато констатиравме дека стоиме позади тоа и добро е што е завршено, а за тоа што е останато да се решава, утврдивме една опција која може да биде прифатена. Ако решението е прифатливо за двете страни во земјите, ќе имаме решение, рече Заев. (целиот текст прочитајте го овде)