|

МАНУ СЕ БУДИ ПО ДОГОГОДИШНА ХИБЕРНАЦИЈА

Доживува ли Македонската академија на науките и уметностите своевидна преродба е прашање на кое е извесен потврден одговор доколку се земат предвид активностите и пораките што интевизирано пристигаат од МАНУ во изминатиов период, а посебно отакако академик Таки Фити беше избран за претседател на академијата.

Имено, во време кога се кршат копјата околу можното решение за спорот со името со Грција токму од МАНУ вечра беше упатена пораката дека македонскиот јазик e одамна кодифициран, постои, дека тој не може да исчезне и дека е интегративен јазик во Република Македонија и тоа мора да го почитуваат сите заедници.

МАНУ излезе и со став дека македонскиот јазик во Обединетите Нации да биде формулиран како „Macedonian language“, бидејќи тоа е став што навлегува во суштинските идентитетски прашања и дека таква е сугестијата до Владата.

Исто така, неодамна МАНУ соопшти дека пред усвојувањето на предлог-законот за употреба на јазиците во Собранието на Република Македонија е потребно е да се отвори стручна и научна расправа за одделни прашања што ги регулира ова законско решение со учество на експерти од различен профил – лингвисти (македонисти, албанолози, специјалисти од областа на ареалната лингвистика), правници, социолози и сл.

Стручната и научна дебата ќе придонесе подобро да се разберат предложените решенија, да се расчистат одделни недоречености што можат да создаваат проблеми при примената на Законот во практиката, да се разјаснат некои различни толкувања што се појавија во досегашаната расправа.

Според МАНУ, за сите отворени прашања и дилеми поврзани со оваа проблематика пратениците во Собранието, респектирајќи ги стручните и научните мислења, треба да иницираат конструктивна дебата, заснована врз принципите на отвореност, толерантност, заемно уважување и избегнување секаков вид ултимативност и исклучивост, сеедно од која страна тие и да доаѓаат.

Овие два примери се само дел од низата предлози и укажувања од МАНУ до Владата и воопшто до јавноста што само потврдуваат дека оваа институција е далеку од времето на молкот и печатењето енциклопедии со неприфатлива содржина.

Извор: Емагазин

Слични Објави