ДОМАШНА КРЕМА ЗА ЛИЦЕ СО КОЊАК

Ви нудиме рецепт за домашна крема за подмладување на кожата на лицето, заснована на прекрасниот пијалок коњак.

СОСТОЈКИ

1 жолчка

100 гр павлака

1 лажица мед

1 лажичка сок од лимон

2 лажици коњак

ПОДГОТОВКА

Кон жолчката се додава павлаката, медот, сокот од лимон и коњакот. Измешајте ги состојките добро. Префрлете ја смесата во стаклена тегла и затворете ја со капак. Кремата е готова!

Кремата треба да се чува во фрижидер, но не подолго од 7 дена. Смесата се нанесува на лицето со чиста памучна крпа и треба да отстои минимум еден час. Најдобро е процедурата да се изврши во текот на ноќта така што кремата да се апсорбира подобро во кожата. За да го постигнете посакуваниот ефект, треба третманот да се повторува за 7-14 дена на секои 3 месеци.

Слични Објави