ИМЕНУВАН НОВ НАЧАЛНИК НА СВР ТЕТОВО

//

Гоце Јанкулоски е новиот началник на Секторот за внатрешни работи Тетово, информираат од оваа институција. Станува збор за вработен во СВР Тетово, кој доаѓа од полициското одделение во Групчин.

-Од 16 февруари 2020 година со решение на техничкиот министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, за началник на Секторот за внатрешни работи во Тетово е поставен Гоце Јанкулоски наместо Амир Далипи кој сега е дополнителен началник, соопшти денеска СВР Тетово.



Гоце Јанкулоски е 47-годишен жител на Брвеница. Во Полициско одделение Групчин бил инспектор по превенција.

Претходна статија

МИЦКОСКИ: ВИЦЕ ЗАЕВ СЕ СОСТАНУВАЛ СО ЕДЕН ОД ОБВИНЕТИТЕ ВО „РЕКЕТ“, СИГУРНО НЕ РАЗГОВАРАЛЕ ЗА РОМАНИ ИЛИ ПОЕЗИЈА

Следна статија

СПАСОВСКИ – САСОЛИ: РЕФОРМИТЕ И НОВАТА МЕТОДОЛОГИЈА СЕ ВАЖНИ ЧЕКОРИ КОН ОТПОЧНУВАЊЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ

Најново од Вести