После Lenny Kravitz, Sting и Eros Ramazzotti, во Скопје доаѓа еден од најголемите mainstream артисти на светот на сите времиња, човекот со безброј хитови, а истовремено и големи песни- BRYAN ADAMS!
На 13-ти ноември (денот кога градот секако слави) во Скопје за прв пат во живо ќе се слушнат “Run to you”, “Summer of ‘69”, “Heaven”, “Please forgive me”, “Everything I do (I Do For You)”, “Have You Ever Really Loved a Woman” и многу други.
BRYAN ADAMS доаѓа во Скопје во рамки на големата светска “Shine a light” турнеја наречена по истоимениот нов албум, со која настапува во најголемите концертни арени ширум светот.
Сите детали околу цените на влезниците ќе бидат познати вечер, во 21 часот, а истите ќе бидат пуштени во продажба од понеделник, 10- ти јуни во 9 часот наутро.
Bryan Adams во живо со неговиот бенд е нешто што мора да го доживеете, се вели во соопштението на Авалон Продукција .
Најново од Истакнато
Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да
Започна „XIV детски олимписки одмор – Босилеград 2022“. Денеска во 09:00 часот во Босилеград, во месноста
Младиот бугарски историчар и уредник за меѓународна политика во dividend.bg Кирил Илиев го објаснува францускиот предлог,
Facebook статус на Никола Димитров Новата опаковка на предлогот е апсолутно истиот непоправлив дебакл со кој
Пакетот има европска компонента и билатерална компонента. Билатералната компонента е протоколот, тој веќе не е во