Одбележуваме 143 години од раѓањето на витезот на перото, големиот бугарски новинар од Прилеп Данаил Крапчев
На 15 декември 1880 г. во Прилеп е роден витезот на перото и создател на бугарскиот „Тајмс“- весникот „Зора“ Данаил Василев Крапчев. Најголемиот бугарски новинар, во историјата на бугарското новинарство е варварски убиен на 10 септември 1944 г. во Горна Џумаја (Благоевград), од комунистичките изроди. Таткото на Данаил, Васил Крапчев бил истакната јавна личност, почитуван поради неговите позиции против грчката патријаршија и против србската асимилација. Бил еден од соработниците на Даме Груев за време на неговото учителство во градот и учествувал во подготовката на револуционерната организација. Данаил прво учел во Бугарската гимназија во Битола, а во 1898 г. дипломирал во Бугарската гимназија во Солун. Тогаш станал член на ВМОРО и како средношколец се побунил против режимот на султанатот. Воден од патриотски побуди и од неговата голема љубов кон славното минато, дипломирал историја на Софискиот универзитет во 1906 г. а подоцна специјализирал во Швајцарија. Уште како студент ја објавил својата прва статија во списанието „Македонско-одрински преглед“. Во 1907 г. заедно со П. Јаворов и В. Пасков го уредуваат в. ИЛИНДЕН во Софија. Следната година ги уредува ОТЕЧЕСТВО и РОДИНА во Солун. Од 1909-1912 го издава в. ВАРДАР во Софија. Во 1912 г. повторно е четник со Јаворов во Солун и го издава в. БЪЛГАРИН. По Втората балканска војна е уредник на органот на Демократската партија ПРАПОРЕЦ. Од 1915-1918 г. е воен дописник. Во 1919 г. го создава најавторитативниот независен весник во Бугарија ЗОРА. Тој е еден од основачите на Македонскиот научен институт во Софија. Во истото време е собственик на а.д. „Бугарски печат“ и „Преса“. По убиството на А. Протогеров бил во редакцијата на в. МАКЕДОНИЈА, орган на ВМРО.
Д. Крапчев станва една од првите жртви на комунистичките жестокости. Линчуван е на улица во Благоевград, пребиен со тојага во келијата, а потоа е обесен во еден вагон на станицата.
“Денес ја празнуваме паметта на св. Кирил и Методи. Денес, ние Бугарите не можеме да не си спомниме за земјата, која им ја вдахнала на св. Браќа идејата за словенска азбука. Не можеме да забравиме, дека македоно-бугарското наречје од солунските села послужило за основа на таа азбука, која се разпространи по сите словенски земји. Ослободени од секојдневните работни грижи, денес ние Бугарите не можеме да не си помислиме за судбата на Македонија, за разпокинатото Бугарско племе.
Потомците на оние, наречието на кое што легна во основата на словенската азбука, се речиси растурени при рамнодушноста или злорадоста на словенските народи. После повеќе од петнаесет столетија живот на исто место, тие се сега наново чергари. Грците ги изгонија од нивните родни места, а ги оставија таму да живеат робски живот само оние кои се далеку од морето. Словените се искоренети од крајбрежјето на Бело море. И со една жестокост, која нема равна на себе си, освен во историјата на древна Асирија и Вавилон, ги искоренија од тие места Бугарите.
Србите кои ако веќе не се убедиле, скоро ќе се убедат во невозможноста да го асимилират Бугарското население таму, затоа што нивните обиди да се србизират македонските Бугари нема да успејат.
Тоа треба да му го припомниме на чешкиот министер за надворешни работи г-н Бенеш и на Србите, кои веќе приспособувајќи се кон традициите на македонските Бугари, денес сеуште ја чествуваат паметта на св. Солунски браќа.“
РОДИНАТА НА РАВНОАПОСТОЛИТЕ, 1926 г.
“Ние, меѓутоа, би сакале и Србија, правата на која врз Македонија ги заштитува Штурценегер, да направи толку, барем после прекратувањето на војната, колку што направи Бугарија во растојание на три години.
Речиси целата администрација за време на Бугарското управување беше во рацете на месни луѓе, родум од таа земја. Кога ќе почнете со окружните управители и свршите со стражарите, со малку изклучоци, сите беа од Македонија. А сега дури кметовите по селските обштини се изпраќат од старото србско кралство, за да го тероризират месното население и да се хранат на негова сметка.
Да не говориме за србизаторската политика, која е позната на целиот свет. Денес во Македонија нема ниту едно Бугарско училиште ниту една Бугарска црква од илјадниците такви пред балканската војна.
Ние кажавме, дека би сакале и југословенската влада барем да ја остави администрацијата и месните служби на месни луѓе, како што правеше Бугарија и тоа во течение на самата војна, кога што можеше да има опасност за нејзината државна сигурност и за фронтот, ако населението беше србско…”
