| |

Одбележуваме 151 година од раѓањето на големиот бугарски револуционер, офицер од бугарската армија и водач на Илинденското востание Борис Сарафов

На денешен ден пред 151 г. е роден Борис Сарафов. Големиот борец за ослободувањето на Бугарите од Македонија од османлиското владеење е роден во село Либјахово на 12 јуни 1872 г, во семејството на големиот бугарски преродбеник од Македонија Петар Сарафов. Борис Сарафов бил воспитаник на Военото училиште во Софија, во иста генерација со Гоце Делчев, Борис Дрангов и др.

Учествува во т.н. Четничка акција во Мелник во 1895 г. Бил раководител на ВМОК. Активно учестува во Илинденското востание, како раководител на главниот штаб на востанието. Прави неколку обиколки на земји од Западна Европа во потрага на пари за Организацијата.

Убиен е заедно со Иван Гарванов од платениот убиец Тодор Паница по наредба на Јане Сандански на 28.11.1907 г. во Софија.

Во чест на големиот Борис Сарафов ви пренесуваме едно негово заедничко писмо со Христо Матов и Иван Гарванов до бугарскиот егзарх Јосиф од 1 септември 1907 г.

По бранот отпуштања на бугарските егзархиски учители во Македонија и Одринска Тракија, водачите на ВМОРО Борис Сарафов, Христо Матов и Иван Гарванов испратија писмо до егзархот Јосиф во кое ги критикуваа постапките на Егзархијата. Бидејќи и повеќето бугарски учители се членови на ВМОРО, организацијата смета дека нивното отпуштање е удар за неа.

“Да положим, Ваше Величество, за минута, че по некой начин организацията е удушена. Турците не са вчерашни: те знаят добре, че не след дълго време пак ги грози опасност от революционно-освободително движение в страната, щом остане на лице силен български елемент, свикнал отпреди бури и борби, и следователно пак ще го преследват в сяко отношение, значи и в църковно-училищно отношение.”

“Илюзия е, Ваше Блаженство, да се мисли, че ако престане нашето революционно движение или поне четнишкото ни движение, ще престанат и въоръжението пропаганди, гръцка и сръбска, та ще олекне на населението и на Екзархията ще бъде лесно да си пази позициите и да печели нови. […] Ала и да би могла турската сила да смаже въоръжените пропаганди, турското правителство, колкото и да се преструва, не ще иска да се лиши завинаги от едно такова средство за парализиране (на) българското население. Остава пак организацията, в интереса на преследваната от нея цел, да служи за самозащита и да пази позициите на революционния български елемент.”

Извор: Библиотека Струмски



Слични Објави