УТРЕ ДЕЛОВИ ОД ОПШТИНИТЕ КАРПОШ И ЦЕНТАР ЌЕ БИДАТ БЕЗ СТРУЈА
Поради планирани технички зафати во електросистемот на град Скопје утре од 9 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од Градски парк во Општина Карпош, соопшти денеска Регионалнот центар за управување со кризи на град Скопје.
Времен прекин во снабдувањето со струја од 12:30 до 16 часот ќе има и за корисниците од ул. „Кузман Јосифовски-Питу“ бр. 15 влез 3 и стопанските и нестопанските објекти во комплексот Скопјанка, во Општина Центар. Од 08:30 до 13 часот ќе немаат струја и корисниците од ул. „Кузман Јосифовски Питу“ бр. 15 влез 2 и стопанските и нестопанските објекти во комплексот Скопјанка.

