Одбележуваме 172 години од раѓањето на Иван Вазов-Патријархот на бугарската литература

//

На денешен ден пред 172 години во бугарскиот град Сопот е роден Иван Минчов Вазов, еден од најголемите бугарски книжевници, автор на романи, повести, раскази и стихотворби, нарекуван Патријарх на бугарската литература.

Вазов е роден на 9 јули 1850 г. во семејството на Минчо и С’ба Вазови. Негови браќа се генералите од Бугарската армија Георги Вазов и Владимир Вазов, политичарот, новинар и дипломат Борис Вазов и докторот Кирил Вазов.

Вазов е автор на едни од најмаркантните дела на бугарската литература како романот „Под игото“, повестите „Немили-недраги“, „Чичовци“ и голем број стихозбирки, од кои најпознати се „Епопеја на заборавените“, „Прjaпорец и гусла“, „Песни за Македонија“ и „Лјулјака ми замириса“.

Вазов е автор на најпознатата бугарска стихотворба за деца „Аз съм българче“ и на наjпознатите песни за идеологот на бугарската борба за слобода Васил Левски „Левски“ и за подвигот на ополченците за време на борбите на врвот Шипка- „Ополченците на Шипка“.

Песна на Вазов е исто така и познатата во Македонија „Па шта си ти“ посветена на малата прилепчанка Васка Зојчева, која била удрена од српскиот престолонаследник Александар I Караѓорѓевиќ, бидејќи на прашањето „Па шта си ти?“, малата Васка одговорила дека е Бугарка.



Негова песна е и „Црна Гора“, чиј текст е земен како основа за песната на Васка Илиева „Земјо Македонска“.

Вазов бил министер во една бугарска влада, почесен академик во Бугарската академија на науките и почесен граѓанин на Софија.

Големиот бугарски поет, чие семејство според неговиот брат Борис Вазов потекнува од егејското село Сопот во близина на Јановени, умира на 22 септември 1921 г. во Софија.

Претходна статија

„Бугарија и Македонија. Историја и политика“ влегува во сите големи светски библиотеки на англиски јазик

Следна статија

По повод 109-тата годишнина од смртта на големиот војвода Васил Чекаларов погледнете го неговиот дневник

Најново од Вести