|

Одбележуваме 79 години од смртта на револуционерот и припадник на ВМОРО Анастас Лозанчев

На 8-ми ноември 1945 г. во Софија умира АНАСТАС ДИМИТРОВ ЛОЗАНЧЕВ, војвода и основач на револуционерната мрежа на ВМОРО.

Роден е 1870 г. во Битола. Учел во Бугарската гимназија во Солун, а потоа изучува фотографија во Софија. Бил учител во битолските села Смилево и Могила. Тој е еден од првите членови на организацијата во Битолско и активно помага за изградување на револуционерната мрежа во Македонија. Работи заедно со Пере Тошев, Георги Попхристов и Георги Пешков. Кога последните двајца се затворени поради Јосифовата афера сам го раководи окружниот комитет. Бил делегат на Солунскиот конгрес на ВМОРО, а на Смилевскиот конгрес е избран за член на главниот штаб на Илинденското востание. Првата битка со османскиот аскер му е над селото Цапари. По востанието живее во Бугарија, а после Младотурската револуција се враќа во Македонија. Во 1917 г. го подпишува Мемоарот на Бугари од Македонија од 27-ми декември. Меѓу двете светски војни учествува во дејноста на македонските емигрантски организации во Бугарија. Во 1941 г. се враќа во Битола. Учествува активно во масовото чествување на 40-тата годишнина од Илинденското востание и отвора фонд ПАМЕТНИК НА ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ, дарувајќи лични средства.

“Горд може да биде целиот Бугарски народ со востанието, но уште погорда треба да биде Битола, зашто таа беше срцето од каде се раководеше сложената организациона машина. Горд треба да биде Бугарскиот народ, зашто сите тука останаа верни до крај на својата клетва, верни на своите водачи… Целиот Бугарски народ, а најмногу Битолчани, треба да подигнат паметник на безсмртните херои, кои ги пожртвуваа своите животи за слободата на тој мил народ со велика душа, со нескршен дух, кој го презре сето мило тука на овој свет. Паметникот треба да биде висок, повисок от Пелистер, за да го гледа целиот Бугарски народ и да се вдахнува од него. Тој треба да биде висок, за да го гледат и народните непријатели, кои толку многу се подбиваа со тој народ и тој пак остана на нозе.“

КАКО СЕ ДОСТИГНА ДО ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ И НЕГОВОТО ЗНАЧЕЊЕ, Илустрација Илинден, 1943 г.

“Не само што не одобрувам, но и протестирам против оној повик против сè што е бугарско. Не можат нашите синови, како неговото Превасходство г. Лазар Колишевски…. не може и мојот пријател Димитар Влахов да нè учат дека ние сме само Македонци, а не македонски Бугари. Лично јас сум Бугарин од пред да имало Бугарска екзархија и Бугарска држава. Мене ме учеше, дека сум Бугарин мојот татко, мене ме учеше, дека сум Бугарин, тој велик Бугарин, кој што се викаше Григор Прличев. Млад човек, убедуван, соблазнуван, со секакви земни блага, дури и заплашван, тој останал на своето: „Јас сум Бугарин”.

И тргнал по трнливиот пат на маки, неволји, мизерија, но со своето гордо име: „Јас сум Бугарин”.“

СПОМЕНИ на Анастас Лозанчев

Слични Објави