|

Одбележуваме 80 години од убиството на витезот на перото- легендарниот македонски Бугарин од Прилеп Данаил Крапчев

На 10-ти септември 1944 г. во Горна Џумаја (Благоевград), е варварски убиен од комунистичката власт во Бугарија, витезот на перото, ДАНАИЛ ВАСИЛЕВ КРАПЧЕВ, создателот на бугарскиот “Тајмс”. Роден е на 15-ти декември 1880 г. во Прилеп. Неговиот татко Васил Крапчев бил истакната јавна личност, почитуван поради неговите позиции против грчката патријаршија и против србската асимилација. Бил еден од соработниците на Даме Груев за време на неговото учителство во градот и учествувал во подготовката на револуционерната организација. Данаил прво учел во Бугарската гимназија во Битола, а во 1898 г. дипломирал во Бугарската гимназија во Солун. Тогаш станал член на ВМОРО и како средношколец се побунил против режимот на султанатот. Воден од патриотски побуди и од неговата голема љубов кон славното минато, дипломирал историја на Софискиот универзитет во 1906 г. а подоцна специјализирал во Швајцарија. Уште како студент ја објавил својата прва статија во списанието „Македоно-одрински преглед“. Во 1907 г. заедно со П. Јаворов и В. Пасков го уредуваат в. ИЛИНДЕН во Софија. Следната година ги уредува ОТЕЧЕСТВО и РОДИНА во Солун. Од 1909-1912 го издава в. ВАРДАР во Софија. Во 1912 г. повторно е четник со Јаворов во Солун и го издава в. БЪЛГАРИН. По Втората балканска војна е уредник на органот на Демократската партија ПРАПОРЕЦ. Од 1915-1918 г. е бугарски воен дописник. Во 1919 г. го создава најавторитативниот независен весник во Бугарија ЗОРА. Тој е еден од основачите на Македонскиот научен институт во Софија. Во истото време е собственик на а.д. „Бугарски печат“ и „Преса“. По убиството на Александар Протогеров бил во редакцијата на в. МАКЕДОНИЈА, орган на михајловистичкото крило во ВМРО.

Данаил Крапчев станува една од првите жртви на комунистичките жестокости. Линчуван е на улица во Благоевград, претепан со тојага во келијата, а потоа е обесен во еден вагон на станицата.

“Денес ја празнуваме паметта на св. Кирил и Методи. Денес, ние Бугарите не можеме да не си спомниме за земјата, која им ја вдахнала на св. Браќа идејата за словенска азбука. Не можеме да забравиме, дека македоно-бугарското наречје од солунските села послужило за основа на таа азбука, која се разпространи по сите словенски земји. Ослободени од секојдневните работни грижи, денес ние Бугарите не можеме да не си помислиме за судбата на Македонија, за разпокинатото Бугарско племе.

Потомците на оние, наречието на кое што легна во основата на словенската азбука, се речиси растурени при рамнодушноста или злорадоста на словенските народи. После повеќе од петнаесет столетија живот на исто место, тие се сега наново чергари. Грците ги изгонија од нивните родни места, а ги оставија таму да живеат робски живот само оние кои се далеку од морето. Словените се искоренети од крајбрежјето на Бело море. И со една жестокост, која нема равна на себе си, освен во историјата на древна Асирија и Вавилон, ги искоренија од тие места Бугарите.

Србите кои ако веќе не се убедиле, скоро ќе се убедат во невозможноста да го асимилират Бугарското население таму, затоа што нивните обиди да се србизират македонските Бугари нема да успеат.

Тоа треба да му го припомниме на чешкиот министер за надворешни работи г-н Бенеш и на Србите, кои веќе приспособувајќи се кон традициите на македонските Бугари, денес сеуште ја чествуваат паметта на св. Солунски браќа.“

РОДИНАТА НА РАВНОАПОСТОЛИТЕ, 1926 г.



Слични Објави