ОДБЕЛЕЖУВАМЕ СЕДУМ ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ЕДЕН ОД НАЈМУДРИТЕ АКТЕРИ НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИТИЧКА СЦЕНА- АРБЕН ЏАФЕРИ

//

Поминаа 7 години од смртта на големиот политичар и лидер на Албанците во Македонија, Арбен Џафери. За неговата улога во историјата на Р. Македонија од независноста досега, ќе се произнесат историчарите во иднина. Едно е сигурно на 15 август 2012 г. Македонија загуби еден голем интелектуалец и политичар од светски ранг, кој работеше за рамноправноста на сите македонски граѓани без исклучок.

Арбен Џафери е роден во Тетово на 24 јануари 1948 година. Завршил Филозофски факултет. До 1990 работел како главен уредник на Културната програма на Радио и телевизија Приштина. Основач и прв претседател е на Демократската партија на Албанците до 2007 година, кога е наследен од Мендух Тачи. На вторите парламентарни избори во Македонија бил избран како независен пратеник (1994), а потоа како пратеник на ДПА. Неговата партија е дел од коалиционите влади предводени од ВМРО-ДПМНЕ во периодите 1998-2002, и 2006-2008 г. Потписник е на Охридскиот рамковен договор со којшто се става крај на вооружениот конфликт во Македонија од 2001 г. Во 2007 г. поради здравствени причи Арбен Џафери се повлекува од активната политика.





Претходна статија

СДСМ: СЕ ГРАДАТ И ОПРЕМУВААТ 43 ДЕТСКИ ГРАДИНКИ

Следна статија

СТРУШКИ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА СО ТРАДИЦИОНАЛНА ПРОГРАМА И НОВИ СОДРЖИНИ

Најново од Вести