Одбиено барањето на Мијалков да му се врати пасошот
Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 го одбил барањето на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков за враќање на неговиот пасош.
Одбраната на Мијалков, според судот, на 21 февруари побарала да му се укине мерката за претпазливост које беше воведена пред осум месеци. Мијалков е обвинет во неколку предмети на Специјалното јавно обвинителство за кои се водат судски постапки.
