ОГРОМЕН АСТЕРОИД ЈА СМЕНИ ТРАЕКТОРИЈАТА И МОЖЕ ДА ПОГОДИ ЗЕМЈАТА ВО 2068 Г.

Научниците по најновите пресметки, утврдиле дека постои веројатност Земјата да биде погодена од огромниот астероид Афофис во 2068 година.

Ова не е прв пат астероидот со име 99942 Apophis да ги загрижува астрономите. Во декември 2004 година, првичните мерења покажале дека постои веројатност дека во 2029 година ќе ја погоди нашата планета. За среќа, последователните анализи на неговата траекторија откриле дека таа година во април на петок 13-ти (да, петок 13-ти) ќе лета многу близу до Земјата, но дека нема да има судир.

Потенцијално опасен објект (ПХО) е вселенски објект чиј дијаметар е поголем од 140 метри и кој поминува на растојание од 0,05 AJ (7.500.000 км) или помалку од Земјата.

Научниците од Институтот за астрономија на Универзитетот во Хаваи пред неколку дена објавија дека откриле дека Афофис бил под влијание на ефектот Јарковски, што значи дека некои делови се загреваат побрзо од другите и забрзуваат на патот кон Земјата. Поради ова забрзување, имало мала промена на траекторијата и постои мала можност да ја погоди Земјата во 2068 година.



Ударот на Земјата би создал регионална катастрофа и ќе уништи и изгори област широка стотици километри, а штетните последици би биле глобални, со влијание врз климата. Овој астероид припаѓа на карпестите астероиди и може да содржи околу 20 проценти железо. Не е позната неговата внатрешна структура и се проценува дека неговата просечна густина е нешто под 3 тони на метар кубен.