СОВЕТ НА АМБАСАДОРИ: БУГАРИЈА НЀ УЦЕНУВА ЗА ИДЕНТИТЕТОТ ЈАЗИКОТ И ФАКТИТЕ ОД ИСТОРИЈАТА

„Во последните денови на неприфатлив начин се доведуваат во прашање односот и соработката меѓу Република Македонија и Република Бугарија со објаснувачкиот Меморандум упатен од бугарска страна до членките на ЕУ пред започнувањето на првата меѓувладина конференција во декември оваа година со која фактички ќе започнат и преговорите на нашата земја со ЕУ. Советот е зачуден зошто официјална Софија се определи за таков чин во предвечерјето кој очекуваме да започне со позитивни одлуки и оценки за нашиот напредок и спремност за старт на преговорите.

loading...

Нашиот источен сосед на 31 октомври 2020 година, официјално преку странски медиум излезе и постави услови кои се практично уцена до нас како суверена и независна држава, притоа наметнувајќи непристојни прашања во вид на трговија со македонскииот идентитет и јазик и со факти од историјата“, велат од Советот на амбасадори.


loading...