| |

ОКОЛУ 200 ПРВАЧИЊА НЕ СЛЕДАТ НАСТАВА ОТИ НЕ СЕ ВАКЦИНИРАНИ

Околу 200 првачиња од целата земја не следат настава бидејќи не се вакцинирани. Ова го покажуваат досега обработените податоци што Министерството за образование и наука кои ги добило од терен од просветните инспектори.

По тој повод, министерот за образование и наука, Арбер Адеми одговарајќи на новинарско прашање изјави дека се разгледуваат сите опции околу законскиот аспект и бројот на незапишани деца на национално ниво.

Адеми истакна дека имал неколку средби со родители на невакцинираните деца и е во постојана комуникација со Министерството за здравство.

„Податоците на кои се повикуваат родителите во врска со вакцинацијата, како и оние за досега незапишани првачиња ќе ги отворам на посебна седница на Владата“, изјави министерот пред состанокот на работната група за концептот за инклузивно образование.

Извор: Макфакс



Слични Објави