Околусветско светлосно патување
Под ѕвезденото небо на Софија и среде прекрасната природа на Ботаничката градина на Бугарската академија на науките во Софија е простор во кој посетителите ќе се потопат во магична атмосфера. Во него светлината раскажува приказни. Шоуто ќе понуди патување низ светот сместено во 7 различни тематски зони, со над 200 светлосни инсталации и 4 уметнички инсталации. Гледачите ќе поминуваат низ континенти и ќе се качуваат во авиони, возови, бродови, балони кои ќе ги однесат во далечни земји.
Светлосното патување започнува од Европа со авион, продолжува со воз во Африка, поминува низ Латинска Америка и Мексико, а ќе стигне до Кина. На Арктикот посетителите ќе шетаат низ ледени скулптури, а светлата на Северната светлина ќе ги однесат во светот на магијата и мистеријата и во Индија ќе стигнат со балон. Прошетката завршува со многу морски авантури.
Трасата е 1,2 километри.
Светското светлосно шоу во Ботаничката градина на Бугарската академија на науките во Софија ќе продолжи до 2 март 2025 година.
Велин Манов во „Артефир“ разговара со проект менаџерот Мила Нинова.
Фото: БНР

