| |

ОЛИВЕР МИТКОВСКИ: САГАТА ОКОЛУ БИФЕТО НА МНТ НЀ ТЕРА ДА СЕ СОМНЕВАМЕ ДЕКА НЕКОЈ САКА ДА ГО ПРИГРАБИ СО ОГРОМНАТА ТЕРСА ПОКРАЈ ВАРДАР

„Во рок од година и пол, МНТ два пати испраќа барање до мин. за култура за потпис со кои ке се стави крај на сагата наречена “подружница Бифе МНТ” и ке се овозможи распишување на тендер. Првиот пат образложението е дека барањето е изгубено а вториот пат не добива никаков одговор.


Со оглед на тоа што не постои никаква правна пречка а барањето сепак се игнорира, овие опструкции доведоа до сомнеж дека некој се намерачил на интерното бифе со цел да ја приграби и огромната тераса покрај Вардар. Проблемот со функционалноста на терасата е санитарниот чвор кој постои далеку во самиот објект а за издавање на дозвола за градење во близина на терасата е потребен потпис од градскиот татко.


Во меѓувреме, актерите од МНТ не можат да ги задоволат основните потреби како вода, сок, ракија, сендвич и.т.н.


Со оглед на тоа што повеќето од нив се оддамна запознаени со овие случувања а нема никаква реакција, дури и на овој пост од страна на директорката видов единствено два-три шера, и ја наместо бифе би им дал да цуцнат од нешто друго“, напиша актерот Оливер Митковски на својот facebook профил.



Слични Објави