|

„Оловното војниче” – концерт за деца во Филхармонија

Во сабота, со почеток во 12 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт за најмладите – „Оловното војниче” од Ханс Кристијан Андерсен на музика од македонскиот композитор Филип Иванов, под диригентската палка на Маестро Борјан Цанев и нараторот Мартин Јордановски.

Музичка приказна која ќе се одвива на сцената ќе биде надополнета со видео проекција на филмско платно.

„Еднаш многу одамна, едно малечко дете за роденден доби поклон кутија со играчки. Внатре во кутијата беа сместени дваесет и пет оловни војничиња кои беа направени од една стара голема оловна лажица. Детето многу се израдува и веднаш ги постави војничињата на масата каде што имаше и многу други играчки.
Сите војничиња беа исти. Носеа црвено – сини униформи, а пушките ги држеа високо исправени потпирајќи ги на своите раменици. Беа наместени во строј и спремни за марширање.”

Вака започнува една од најубавите приказни од Ханс Кристијан Андерсен посветена на љубовта помеѓу две играчки.



Слични Објави