ОНЛАЈН МАЈСКИ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ 2020

Оваа година Мајските оперски вечери ќе бидат одбележани на еден поинаков начин. На официјалниот јутјуб-канал публиката ќе има има можност да проследи 10 продукции на Националната опера и балет, осум оперски и дбе балетски.

„За почеток, на 9 мај ќе можете да ја проследите дигиталната премиера на најновата продукција на операта ‘Кармен’, на 12 мај балетската претстава ‘Рајмонда’, 15 мај ‘Турандот’, 17 мај ‘Кавалерија Рустикана’ и оперскиот концерт по повод 70 години од оперската уметност. На 19 мај ќе имате можност да го проследите балетскиот концерт ‘Балетски бисери’, а на 22 мај операта ‘Фауст’. На 24 мај, по повод празникот Св. Кирил и Методиј ќе имате можност да ја проследите операта ‘Лидија од Македонија’ од Ристо Аврамовски. Операта ‘Адријана Лекуврер’ ќе биде емитувана на 26 мај, а операта ‘Травијата’ на 29 мај. За крај традиционално, како што и би го завршиле фестивалот Мајски оперски вечери, на 31 мај ќе ја емитуваме операта ‘Аида’“, соопштија од НОБ.

Директорот на Националната опера и балет, Васо Ристов, вели дека Мајските оперски вечери се крстопат на цивилизации и култури од целиот свет.



Уметничкиот раководител на операта, Бисера Чадловска, вели:

„Ова е период од годината кога ние, вработените во Националната опера и балет, сме секогаш најпродуктивни и во зенитот на нашата оперска и балетска сезона. За нас, 9 мај е најочекуваниот ден во годината, ден до кој доаѓаме по период исполнет со макотрпна работа, труд, но и возбуда поради тоа што нè очекува во текот на месец мај. Нам, уметниците, оваа година ќе ни недостига чувството на исполнетост, креативен порив и адреналинот кој го чувствуваме додека сме на сцена за време на нашите претстави. Верувам дека сите емотивно го доживуваме овој перод и со нетрпение очекуваме да се вратиме на нашите работни места“.



Претходна статија

ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ПОЧНУВА ТВ СЕРИЈАТА „ЗОКИ ПОКИ“

Следна статија

„УМЕТНИЧКИ ДНЕВНИЦИ“ НОВ ПРОЕКТ НА НАЦИОНАЛНАТА ГАЛЕРИЈА

Најново од Култура