|

Опад и хартии изгореа во напуштената куќа спроти „Ист гејт“, не е првпат пожарникарите да интервенираат

Отпад и хартии затекнале пожарникарите во напуштената куќа спроти „Ист гејт“ што се запали утрово.

На терен беа упатени две противпожарни возила и шестмина пожарникари, а повредени лица нема.

Командирот на скопската противпожарна бригада, Звонко Томевски, за „Макфакс“ изјави дека се работи за куќа во која не живеел никој.

„Имаше внатре отпад и хартии, веројатно тука престојувале бездомници“, рече Томевски.

Како што додаде, не е првпат да гори истата куќа, а пожарникарите интервенирале во повеќе наврати.

Слични Објави