Опозицијата бара одговорност од Спасовски за грабежот во магацинот за оружје на охридската полиција

/

Спасовски не е способен да ја чува муницијата и бомбите на МВР, оружје му е украдено од полициски магацин, а тој два дена молчи, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Или е целосно неспособен или грабежот е направен со негов амин. 50 тина бомби, рачни гранати, муниција и друго оружје е украдено од магацинот на полицијата во Охрид, што е полициски објект, кој треба да биде најбезбедното место во Охрид. И 2 дена по грабежот Спасовски молчи.

Која е гаранцијата која ја имаат граѓаните дека Спасовски може да ја сочува безбедноста, кога тој не може да го сочува ниту полициското оружје? Како граѓаните да се чувствуваат безбедни и заштитени, кога на полицијата и крадат од двор, и никој ништо не знае.

Дополнителен проблем е фактот и прашањето, на кого му требаат толку бомби, рачни гранати, муниција и оружје? Каде ќе биде употребено оружјето кое е украдено од охридската полиција, и за какви се кривични дела?



Кражбата во полициската станица во Охрид е тежок шамар за МВР, Спасовски и Ковачевски. Кражбата на оружје од станица покажува колку се неспособни Спасовски и Ковачевски.

Спасовски мора да понесе одговорност. Оставка веднаш“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна статија

Османи: Се стремиме за демократски и либерални вредности

Следна статија

Католиците денес го слават Велигден, најголемиот христијански празник

Најново од Вести