| |

Радев: Народ кој ќе дозволи да му се смени историјата е осуден да ја загуби својата слобода

Огнот на војната фрла искри кои можат да ja запалат нашaта черга. Наше е да не дозволиме тоа да се случи. Недозволиво е да се веат други знамиња над Бугарија, освен родниот трибагреник. Ова го изјави претседателот Румен Радев, за време на централната прослава по повод Националниот празник на Бугарија 3-ти март, јавува БГНЕС.

Шефот на државата на почетокот на својот говор потсети дека на овој датум, пред 145 години, Бугарија воскресна.

„Војската на рускиот император Александар II ја скрши Отоманската империја. Денеска втора година по ред го дочекуваме празникот кога во Украина беснее војна. Денес ги убиваат мажите чии дедовци заедно ја ослободија нашата татковина. Ова е и наша болка“, нагласи шефот на државата.

„Да не дозволиме демоните да ги поседуваат нашите души, нашиот говор и нашите постапки. Недозволиво е да се веат други знамиња над Бугарија, освен родниот трибагреник“, изјави Радев.

Тој потсети дека пред век и половина преродбениците почнале да градат нова Бугарија. „Столбовите на оваа нова Бугарија беа – просветителството, војската, демократскиот идеал на Апостолот и чувството на солидарност дека сме еден народ во Мизија, Тракија и Македонија. Денеска сите овие столбови на државноста се на удар“, рече Радев.

„Има луѓе кои предлагаат да се разоружа армијата среде војна. Имаше политичари кои им свртеа грб на нашите сонародници. Други се обидуваат да ја претворат чистата и света Република на Апостолот во неодговорен политички театар, а театарот во политика“, рече Радев.

Тој нагласи дека „војната со минатото е пат кон самоуништување“. „Историјата не е слугинка на политиката, таа е идентитет, искуство и инспирација“, нагласи шефот на државата.

Претседателот Радев изјави дека денес наша должност е да ја чуваме историјата од оние безродниците и осквернувачите.

„Народот кој ќе дозволи да се промени неговата историја е осуден да ја изгуби својата слобода. Наша намера не е да ја пренапишуваме историјата, наша задача е да ја зачуваме, за да опстане Бугарија“, повика Румен Радев.

Пред да го одржи својот говор, претседателот и врховен командант на бугарската армија го прифати почесниот вод на претставничките единици на армијата.

На чело на светите знамиња е знамето на Самара. Од Ослободувањето до денес бугарската војска нема заробено знаме.

Венци пред споменикот „Цар Освободител“ положија Претседателството, надлежните министерства, државните агенции, Обвинителството на Република Бугарија, Народниот правобранител на Република Бугарија, ГЕРБ-СДС, „Продолжуваме со промената“, Националниот совет на БСП итн.

Слични Објави