ОПРЕДЕЛЕН ПРИТВОР ЗА ЛИЦЕ КОЕ НАПАДНА ПОЛИЦАЈЦИ ДОДЕКА ИЗВРШУВАА СУДСКА НАРЕДБА

//

Осомничениот на 23 мај годинава нападнал двајца припадници на полицијата кои извршувале судска Наредба за негово присилно приведување. Имено, Основниот суд Охрид издал Наредба за присилно приведување на лицето, кое не се јавувало на судски рочишта во судот каде е обвинет за кривично дело Тешка кражба. При обидот на полицајците да го приведат, осомничениот ги нападнал при што на едниот од нив му нанел и телесни повреди.

Со тоа, осомничениот сторил кривично дело Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Постапувајќи по поднесена кривична пријава, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола поднесе Предлог за определување притвор за осомничениот бидејќи ценеше дека се исполнети законските основи. Предлогот на обвинителството беше прифатен од страна на судот кој со решение определи притвор за обвинетиот во времетраење од 8 дена.



Претходна статија

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПРЕДЛОГ ИДЕЈНИ ПРОЕКТИ: „ПАРТИЗАН“ ДА БИДЕ СИМБОЛ НА АВТЕНТИЧНОТО, МОДЕРНОТО И УРБАНОТО

Следна статија

ОСМАНИ: СТАРТОТ НА ПРЕГОВОРИ ЗНАЧИ ПОДДРШКА ОД СИТЕ ЗЕМЈИ – ЧЛЕНКИ, ЗА ШТО ОЧЕКУВАМЕ ПОДДРШКА ОД ПРИЈАТЕЛСКА УНГАРИЈА

Најново од Вести