|

Орце Камчев нема да ја помине Новата Година во Шутка, но за притворот Апелација ќе одлучува следната недела

Апелација за барањето за ослободување од притвор на обвинетиот  Орце Камчев ќе одлучува следната недела, но тој Новата година нема да ја дочека во Шутка, туку во приватна болница. Камчев е пренесен во болница вчера поради болки во абдоменот,  а со согласност со докторот во затворот и судијата Илија Трпков, објави Алсат.

Од болницата Систина за Алсат велат дека како приватна клиничка болница ја почитуваат приватноста на своите пациенти и нема да ја коментираат здравствената состојба на пациентите, ниту пак нивниот идентитет.

Пред два дена, како што е познато, од затворот во Шутка излезе Сашо Мијалков, откако Апелација одлучи да му го прекине притворот и да го пушти на слобода.



Слични Објави