| |

ПОЧНА ИЗДВОЕНАТА ПОСТАПКА ПРОТИВ ЈАНКУЛОСКА ЗА СЛУЧАЈОТ „ТЕНК“

Во кривичниот суд во Скопје почна судењето во издвоената постапка за ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, за набавката на „мерцедесот“ во предметот „Тенк“ на СЈО. Одбраната на Јанкулоска побара одложување на рочиштата додека Апелација не донесе одлука за жалбатан на Никола Груевски и Ѓоко Поповски за првостепената пресуда за набавката на мерцедесот. Судијката Кацарска го одби барањето на адвокатот на Јанкулоска рочиштето да трае до крајот на работното време и се закани дека ако е потребно истото ќе трае и до 22 часот навечер.

 



Слични Објави