|

По вчерашните немири утрово во Косово е мирно

На северот на Косово утрово е мирно, по вчерашните немири.

До немири дојде кога граѓаните се обиделе да го спречат упадот на косовската полиција во општинските згради во Зубин Поток, Лепосавиќ и Звечан, пишува „Б92“.

Од синоќа во седиштето на сите четири општини со мнозинско српско население на северот на Косово се наоѓаат припадниците на полицијата и специјалните единици.

Полицијата е распоредена и околу општинските згради, како и возила за разбивање на демонстрации.

Патиштата на север од покраината се проодни, како и административните премини кон централна Србија, па сообраќајот се одвива нормално.

Во петокот, откако граѓаните на северно Косово и Метохија се обидоа да ја спречат полицијата да влезе во општинските простории во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ, дојде до конфликт, во кој полицијата употреби солзавец, чад и шок бомби.

Во таа прилика беа повредени неколку Срби, а косовската полиција влезе во општинските згради и во нив ги внесе градоначалниците Албанци, пишува „Б92“.

Насилниот влез на полицајци во општинските згради го осудија земјите од Квинтата, Европската Унија, КФОР и ЕУЛЕКС, барајќи итен прекин на насилните акции на Приштина. Особено остри осуди доаѓаат од Соединетите Американски Држави.

Слични Објави