| |

Деца на припадници на украинската армија од Болград и околината отпатуваа на одмор во Бугарија

Дванаесет ученици од Болградската гимназија „Георги Стојков Раковски“, чии семејства се поврзани со украинската армија, отпатуваа на десетдневен одмор во Бугарија, јавува БТА.

Учениците се дел од поголема група деца кои ќе останат до 20 септември во одморалиштата на бугарското Министерство за одбрана во Бургас.

Од гимназијата и од Централната управа за граѓанско-воена соработка при Генералштабот на Вооружените сили на Украина посочуваат дека Бугарија покажува особено внимание во поддршката на семејствата на воените лица од украинската армија кои имаат бугарско етничко потекло.



Слични Објави