| |

Бугарија го објави граничниот премин Клепало кон РС Македонија за национален објект

Граничниот премин Струмјани – Берово меѓу општините Струмјани, Благоевградско и Берово во Северна Македонија, станува национален објект, одлучи бугарската Влада. Инженерската инфраструктура до границата, вклучувајќи го и патот Струмјани – Клепало – граница со РС Македонија, исто така е прогласена за национален објект.

„Прогласувањето за национален објект ги олеснува процедурите во врска со Законот за територијално планирање, одобрување на детални развојни планови, експропријација и слично, за да не се одложи овој инфраструктурен објект“, изјави бугарскиот министер за регионален развој Иван Шишков.

Од бугарска страна ќе се работи за проектирање и изградба на пат до границата, бидејќи во моментов го нема, додека од македонска страна истиот е веќе готов и завршен. Изградбата на граничниот пункт е финансирана со 9 милиони евра во рамките на прекуграничната програма на ЕУ – Интеррег VI-А ИПП 2021 – 2027 година.

Слични Објави