| |

Бугарија со пет учесници на спортско натпреварување за лица со Даунов синдром во Аргентина

Еден гимнастичар и четворица спортисти во атлетиката ја претставуваат Бугарија на најголемото натпреварување за лица со Даунов синдром во Америка – „America Tri Games“. Оваа година домаќин на спортскиот настан е Аргентина.

Натпреварот е дел од спортскиот календар на Светската федерација за спортисти со Даунов синдром – SUDS. На него ќе учествуваат спортисти од 11 држави: Бразил, Чиле, Колумбија, САД, Гватемала, Мексико, Уругвај, Бугарија, Португалија, Албанија и Аргентина, кои ќе се борат во 9 видови на спорт – гимнастика, кошарка, атлетика, мал фудбал, џудо, пливање, тенис, пинг-понг и уметничко пливање.

Составот на бугарската делегација:

Слав Петков – шеф на делегацијата;

Панајотис Корелас – кинезитерапевт, АФА специјалист;

Десислава Петкова – ПР ФАФА Бугарија, АФА специјалист;

Бојка Петкова – тренер по атлетика;

Иван Цветков – тренер по гимнастика;

Зоја Тодорова – атлетски тренер „АФА Сандански“;

Емилијан Костадинов – натпреварувач во гимнастика;

Радена Ангелова – натпреварувачка во атлетика;

Александар Асенов – натпреварувач во атлетика;

Бојан Вандов – натпреварувач во атлетика

Александар Александров – атлетичар „АФА Сандански“.

Натпреварувањето беше отворено официјално вчера на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром.



Слични Објави