| |

Во Велико Трново се формираше Балкански универзитетски центар

Ректорите на девет универзитети од Бугарија, Романија, Србија, Турција, Северна Македонија, Грција и Албанија потпишаа Меморандум за формирање Балкански универзитетски центар, јавува Бугарското национално радио.

Настанот се одржа во Универзитетот „Св. св. Кирил и Методиј“ во Велико Трново.

Идејата на Балканскиот универзитетски центар е создавањето можности за заеднички развој на проекти, учество во образовни програми и подобрување на материјалната база, како и аплицирање во структурите на ЕУ за различни програми за финансирање во образованието и науката, објаснија ректорите од балканските универзитети.

На потпишувањето на меморандумот, ректорот на Универзитетот од Велико Трново проф. Христо Бонџолов, сподели дека заедно со своите колеги даваат добар пример на политичарите и на своите народи.



Слични Објави